Корона пандемијата спречи многу двојки да ја направат својата свадбена веселба, а меѓу нив беа и Викторија Лоба и нејзиниот сега веќе сопруг Ѓорѓи Калешов.
Сите младенци сакаат да имаат соовршен свадбен спој од се’, а особено се посветува внимание на свадбената фотосесија која најчесто е тематска.
View this post on Instagram
Оваа на Викторија и Ѓорѓи е направена покрај море и изгледа како романтична рзагледнца или според Лоба некаде помеѓу реалноста и фантазијата.
Едноставно, минималистичко и елегантно покрај морската шир и карпестиот брег. Останатото или главениот шмек на композицијата беше љубовта!
-Некаде помеѓу реалноста и фантазијата. Бескрајно сум благодарна за оваа магија низ објективот на @stankovantonio.Облечена во љубов и неверојатната венчаница од @atelierkocareva, напиша невестата.
За потсетување, по деветгодишна врска и заеднички живот под ист покрив, Викторија Лоба и нејзиниот избраник Ѓорѓи Калешов се венчаа на црковната церемонија во црквата Св. Јован Канео во Охрид на ден Голема Богородица, а потоа во еден познат скопски хотел се случи и свадбата.
Фото:Инстаграм Викторија Лоба/ Станков Антонио