Македонија отсекогаш била Мека за естрадата… Сечија, најмногу комшиската, но не и за сопствената. Во останатите делови на регионот „нивните“ царуваат полокалите и клубовите, а нашите не можат ни да припирисаат. неможат ни да помирисаат табановце да го минат, со чест на ретките исклучоци, чии настапи се на прсти да ги изброиш.
Затоа пак нашите естрадни ѕвезди овде ја имаат најжестоката конкуренција. И меѓу себе дома и од оние „големите“ ѕвезди однадвор, од целиот регион, а странците и да не ги споменуваме. Овде секој викенд доаѓа да пее „шуто и рогато“ и „глуво и слепо“… Важно е добро „да меша“ и да изгледа „лепо“!
Од полуанонимни турбо певаљки со една позната песна, до разни „полумент(ол)и“ и „шабани“ кои хараат по македонските клубови и кафеани за дебели хонорари и тоа во кеш! За сите овие години бројката се мери во милијарди денари ако не и евра, неоданочени пари во готовина изнесени надвор од државата, во име на добрата журка и забавата. А, журката со шунд и кич бекграунд, зачинета со „Техеран саунд“… Не знаеш кој од кого повеќе „завива“ додека рајата во пијан транс наводно ужива од мерак, во атмосфера на колективен севдах!
А, македонските ѕвезди, ништо помалку добри, дури и од многуте дојденци поквалитетни, ама „отепани“… И тоа од сите страни! На главните телевизии во ударните термини – ги нема… Чат-пат им даваат „на лажаче“ по некое минутче во ниедно време. На радио ги пуштаат од што мора, па логично е дека и локалите, особено клубовите и дискотеките повеќе ги преферираат „Гранд“, „Пинк“, „ДМ Сат“, „Пајнер“… или кои веќе од комшиските пејачи! И тоа за пет-шест пати поголеми хонорари! А државата „не ја боли уво“ за многу поважни нешта, а камо ли што домашната естрада страда!
Токму затоа македонскиот шоумен и блузер Игор Џамбазов, реши повеќе да не биде неоправдано „лузер“, па на газдите на македонските локали лутито им порача дека повеќе нема да настапува… Не секаде, се разбира, туку на исто место со оние кои не се достојни со него да застанат на иста сцена, а газдите им плаќаат пет пати повисока цена!
Колку ќе остане доследен, ќе видиме… Дали дур е жив, како што рече или… Ќе мора да попушти под налетот на отворените деколтеа, танцот на колковите и задниците на “турбо певаљките“ кои можеби дури и полошо пејат, ама затоа од него сто пати подобро „мешаат“ на сцена… А и вон неа! И ќе „мешаат“… дур се живи! Се’ дур има „сељобери“! Па, нека гори Балкан…! Очигледно и ние сосе него!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/tea_tairovic/igordzambazov