Пејачката и актерка Џенифер Лопез одлучи за потребите на снимањето на новиот спот да биде доста провокативна, а нејзиниот слободен стајлинг стана една од главните теми на светските медиуми.
Имено, Џеј Ло избрала бела маичка и широки панталони под кои се гледа тангата.
Таа во такво издание шеташе низ улиците на Мајами обкружена со многу танчари, а нејзината долна облека дојде во прв план, поради што фановите почнаа да се шегуваат на нејзина сметка.
View this post on Instagram
-Џенифер е како вино, што постара, тоа подобра. Може да биде благодарна на својата генетика, но клучот на успехот е во нејзината исхрана. Доста е дисциплинирана околу тоа што јаде и не консумира премногу алкохол. Нејзиното тело е храм- вели личниот тренер на Џенифер.