Хрватската манекенка Ивана Кнол стана главна атракција на Светското првенство во фудбал, а нема дилема дека е експерт за привлекување внимание. Атрактивна Хрватка е прогласена за најубава навивачка во Катар, а светските медиуми со недели пишуваат за неа.
Ивана привлекува машки воздишки ширум Доха, а нејзиното истакнување на бујната биста и задникот успеа да ги привлече и катарските шеици. Нејзините модни комбинации се направени од мотив на шах, кој всушност го претставува хрватското знаме. Но, сепак, невозможно е да не се забележат нејзините облини.
Сега, засекогаш е одбележан моментот во кој таа се спушта по скалите, додека шеиците не го тргаат погледот од неа, снимајќи ја со телефоните како најголема атракција, а снимката ја обиколи целата планета.
Меѓутоа, неодамна таа е мета и на остри критики за нејзиниот изглед. Многумина ја осудија, сметајќи дека користи фотошоп, и дека не е толку привлечна и убава лично како на сликите што ги објавува на социјалните мрежи. Хрватската водителка јавно ја задеваше и ја прозва, посочувајќи дека има многу добри апликации за фотошоп кои и го сменија личниот опис.
Инаку, Ивана во 2016 година се натпреваруваше на изборот за Мис Загреб и ја освои титулата втора придружничка. Истата година ја освои истата титула на изборот за Мис на Хрватска. Успеа да влезе во финалето како Мис на дијаспората, но и тогаш не успеа да ја освои круната.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ивана Кнол