Ивана Стаменковиќ Синди важи за една од најубавите пејачки на српската јавна сцена, а остана запаметена по тоа што беше учесник и на првата женска тепачка во реално шоу. Поранешната риалити учесничка е многу активна на социјалните мрежи, па сега објави фотографија која ги полуде нејзините следбеници и предизвика лавина позитивни коментари.
Синди се фотографирала во тесен фустан кој ја истакнува нејзината фигура, додека до израз дојдоа нејзините гради и извајаните облини. После една минута, под објавата на манекенката почнаа да се појавуваат лајкови и коментари.
– Преубава си Синди! Божица совршена! Засекогаш најубава – беа само дел од коментарите под објавата на поранешната манекенка.
Првото реално шоу „Големиот брат“ остана запаметено по женската тепачка чии актери беа манекенката Невена Миличевиќ и поранешната „манекенка“ Ивана Стаменковиќ Синди, која стана популарна по серијата брутални навреди кои ги упати кон манекенката.
– Погледни се, целулит си цела! Ти си млада? Брука – се развика тогаш Синди на Невена..
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Синди Моделс