Радио Милева Тајно моја

Нејзината скриена страна: Она што може да го направи Црна Мачка ниту една друга стриптизета не може! (ФОТО)

Нејзината скриена страна: Она што може да го направи Црна Мачка ниту една друга стриптизета не може! (ФОТО)

Ани Георгиева, во нашата јавност многу попозната како Црна Мачка, безконкуренција важи за најпознатата македонска стриптизета. Иако има и неколку други професии, како танчерка, фото модел, менаџер за продажба… сепак Ани е најпозната како Црна Мачка… Една од ретките македонки која јавно, со име и презиме ја прифати  „скокотливата “професија, од која многу други бегаат.

Деновиве, таа покажа дека она што може да го направи,  ниту една друга стриптизета во Македонија не може! Нееее… не се работи за никаков до сега невиден егзибиционизам или некаква ероптско-танчерска точка… Напротив! Ани за празниците (Водици и Свети Јован) ја покажа својата до сега невидена или поточно скриена страна. Дека знае да биде жена – домаќинка,  парекселанс!

Таа ја славеше својата слава – големот православен празник Свети Јован, па на Ани и дојдоа полна куќа гости! Блиски, семејни пријатели, другари, колеги од работа… Меѓу нив и сопствениците наа секс шопот каде што работи – Сузана и Горан Милиќ, новинарот Зоки Фаци Василевски и останатите помалку или повеќе познати и блиски пријатели.

Иако не и е прв пат и овој пат Ани се покажа во најдобро светло. Како вистинска домаќинка, што со својата гостопримливост и своите готвачки способности како и умешноста за декорација и сервирање. Полна трпеза вкусни специјалитети за полна куќа гости! Домаќинката покажа дека подеднакво добро се снаоѓа и во кујната како и на подиумот за танцување, а тавата, тенџерето, кутлачата и готвачката престилката, подеднакво добро ги владее како и танцот на шипка!

Епа, нека е за многу години домаќинке!

 

To top