Кралот на Тајланд Маха Ваджиралонгкорн, кој во саботата беше и службено крунисан, објави дека се ожени по четврти пат, а својата сопруга ја прогласи за кралица на државата.
Во соопштението кое е издадено до кралската палата, се наведува дека Сутида Ваджиралонгкорн на Ајуѓа, која има 40 години, официјално е мажена за 66 годишниот крал, пренесува Асошиејтед прес.
Иако три години и е позната на јавноста, за неа малку се знае, поради што веста за претставувањето беше изненадување за многу Тајланѓани.
Како што се наведува, ова е четвртата сопруга на кралот и поранешна стујардеса, која сегашниот сопруг го запознала во текот на еден лет. Кралот Маха пред неа се женеше и разведуваше трипати, а крал стана во 2016 година, по смртта на својот татко.
View this post on Instagram
На телевизиската снимка прикажана од нивната венчавка, кралот е во бела униформа, а таа во розова традиционална облека. Инаку, кралот е познат по своето ексцентрично однесување, а меѓу другото и по тоа што својата публица Фу Фу ја именуваше за генерал, а кога почина, ја погреба со сите државни почести.
Познат е и по тоа што на една прослава во 2007 година , тогашната сопруга ја натера пред гостите гола да јаде од приборот на кучето.