Македонската пејачка и виолинстика Андријана Јаневска заедно со сопругот и двете синчиња живеат во населбата Бардовци каде што ужива во своето парче од рај.
Како што вели народната поговорка: Каде и да си, дома да си – е навистина точна, а особено кога домот е уреден по свој мерак и онака како што си имате замислено.
Домот на Јаневска има огромен двор кој е прекрасен парк со многу зеленило, цвеќиња и уникатна декорација од екстериерот.

Во една прилика, пејачката истакна дека е љубител на природата, а дека нејзината градина е вистински рај.

Меѓутоа, со наближување на месец декември и на новогодишните празници во домот на познатите веќе владее новогодишна еуфорија.
Некои од познатите личности ги отворија вратите од својот дом, па покажаа како изгледа нивното парче од рај за време на празниците.
И Андријана Јаневска им се приклучи на јавните личности, па покажа еден детаљ од својот дом кој потсетува на новогодишна и зимска идила.

Имено, пејачката во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од прозорец со поглед накај двор, а до прозероцот може да се забележат разни новогодишни декорации. Во домот на Јаневска започна одбројувањето до почетокот на Нова година.

Веруваме дека Андријана ужива во семејната идила и во домот во секое годишно време.