Радио Милева
усни на усни...

Нејзин обожавател посака да го „просветли“ каков „мајстор за бакнежи“ е Кристина Димитри, а таа за урнек му го посочи нејзиниот нов љубовник: До усните е, до јазикот или до нешто трето… многу „посвето“? (ФОТО)

Нејзин обожавател посака да го „просветли“ каков „мајстор за бакнежи“ е Кристина Димитри, а таа за урнек му го посочи нејзиниот нов љубовник: До усните е, до јазикот или до нешто трето… многу „посвето“? (ФОТО)

Кристина Димитри како и многу од естрадните пејачки, особено овие од  „новата генерација“, уживаат секојдневно да споделуваат на социјалните мрежи работи за кои сметаат дека  им ја „билдаат кариерата“, ама и „хранат суетата“.

Како поинаку да се протолкуваат „внимателно селектираните“ извадоци од написите во порталите, строго цензурирани и споделени само оние делови во кои естрадната личност се воздигнува, фали и’ се делат комплименти за изгледот, стајлингот, однесувањето, песната, видеото…Што и да е само да е позитивно срочено!  Останатото е  „како со ножички исечено“  и воопшто не се објавува на својот профил или на кусите приказни на социјалните мрежи.

Истото важи кога е во прашање и комуникацијата со обожавателите, на кои самите естрадни фаци, па и атрактивната тетовка им даваат „необврзна задача“ да им поставуваат прашања на Инстаграм. И секако, објавени се  само оние одговори кои ја воспеваат славата на пејачката и се’ што попатно оди со неа. Другите се на „дилит“ и завршуват во канта!

Последната преписка на Кристина Димитри со своите обожаватели беше опсипана со мноштво пораки и прашања, меѓу кои едно ја очигледно заскокоткало и самата пејачка, па решила да го искористи за уште една промоција на својот нов љубовник. Овој пат до душа, не на неговиот лик или карактер, туку на промоција на неговите љубовни способности.

Имено, меѓу останатото Кристина доби прашање или подобро кажано молба да сподели дел од својата интима. Или поточно, од своите љубовно-еротски способности кога се во прашање сочните интимни бакнежи.

„Малечка, сите се бакнуваме, па немама такви усни. Тогаш сподели каков вид на бакнување применуваш, еве просветли ме“ – побара фанот на Кристина од неа!

Бидејќи практичната демонстрација дотичната личност разбирливо, лично е невозможно да ја осети, за да го „просветли“ останаа два начина на одговор за да се задоволи својот фан. „Со показна вежба“ на видео или фотографија или чисто само со вербален одговор преточен во писмено појаснување на „умешноста на нејзиното бакнување“. Но за чудо, Кристина како одговор на зададената загатка одбра  сосема трета опција.

Обожавателот посака да го „просветли“ како изгледа кога се бакнува со нејзините „сочни филер усни“, а Кристина Димитри за урнек му го посочи нејзиниот нов љубовник, па во одговорот му напиша:

„Ха, ха, ха, еее сега гледате зошто толку многу го фалам моето момче“ – споделила расположената љубовџика.

При тоа не објасни детали, но очигледно доволно појасни „во кого е магијата“!  А за деталите… Дали е до усните, до јазикот или е… до нешто трето, можеби нешто уште „посвето“… Кристина на таа тема остана „нема“!

Среќа што комуникацијата помеѓу пејачката и нејзиниот обожавател остана само на бакнувањето и усните, од кои се’ започнува, а завршува со „љубовна екстаза“!

Ако прашањето беше „проширено“, кој знае каков ќе беше одговорот за „останатите квалитети“ на љубовникот? Или тој дел од прашањето ќе влезеше во оние „цензурираните“, што „се сечат со ножики“ зашто кога се поставуваат, а не им одговараат на оние што треба да ги одговорат, не се ни објавуваат!?

Како и да е, Кристина Димитри со одговорот на прашањето: „Каков мајстор е за бакнежи“ веројатно повеќе го растажи отколку што „го наежи“ љубопитниот прашувач!

Фото: Јутјуб/Инстаграм/kristina.dimitry

 

 

 

Останати вести од Радио Милева