Бразилскиот фудбалер Нејмар ја демантираше приказната дека бил во врска со старлетата Сораја Вучелиќ, а сето тоа го коментираше на социјалните мрежи.
Летото 2014 година се пишуваше дека Сораја се зближила со фудбалерот на Барса. Со денови читавме како тој одлепил по неа на плажа на Ибица, каде се запознале.
Но, она што се знае е дека Нејмар по повод пишувањата на медиумите најпосле се огласи и прокоментира во свој стил:
-Да сите приказни за овие девојки со кои ме спојуваа, навистина се точни, мора да живеам во земја која ми дозволува да имам 10 жени, напиша Нејмар откако повторно почна да кружи веста за Сораја.
Многумина коментираа дека со оваа постапка ја исмејува Сораја, која тврдеше дека тие имале романса.