Мегафон

Неизвесност до самиот крај: Драгана Костова го освои второто место во „Неки нови клинци“ (видео)

Неизвесност до самиот крај: Драгана Костова го освои второто место во „Неки нови клинци“ (видео)

По овогодишното финале на „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“, синоќа на студиото во Гранд се одржа и финалната вечер на „Неки нови клици“.

Во последната вечер настапуваа 7 момчиња и 7 девојчиња кои се бореа за првото место. Меѓу нив беше и нашата Драгана Костова од Струмица, која важеше за еден од фавортите.

Во текот на сите овие осум месеци Драгана имаше само пофални зборови од жирито, а синоќе успеа уште еднаш да бласне. На крајот, останаа Драгана Костова и Вања Књежевиќ.

Драгана го освои второто место со 9414 гласови, а првото место го освои Вања со 12 671 глас. Еве како изгледаше прогласувањето на победникот.

To top