Ана Севиќ заедно со ќерката и нејзиниот партнер Даниел Недељковиќ изминатото лето поминаа два месеци во Црна Гора, а нејзиниот поранешен сопруг и татко на Лорена ја обвини дека поради неа не можел да си го види детето.
Лазиќ во медиумите изјавуваше дека Ана не го известила дека ќе се задржи толку време на летување и поради тоа не можел да ја види ќерката.
Сепак, Ана смета дека секој што сака да си го види детето може да седне во авион и за 45 минути да биде во Црна Гора.
-Неговите изјави во медиумите не ги читам, ниту знам што се пишува и зборува, но навистина нема причина негативно да се коментира. Со поранешниот сопруг сум во контакт. Не е точно дека поради мене не можел да ја види Лорена. Ние бевме на море два месеци. Црна Гора е 45 минути од Белград. Секако кој сака да си го види детето може да седне во авион и да дојде на море, така да неговите приказни не „држат вода“, вели пејачката која на море исклучиво патува со авион.