Радио Милева

Недопустлива грешка: На Анастасија Ражнатовиќ воопшто не и требаше овој потег на свадбата на брат и (фото)

Недопустлива грешка: На Анастасија Ражнатовиќ воопшто не и требаше овој потег на свадбата на брат и (фото)

За изборот на фустаните и венчаниците на невестата, дрес кодот на гостите на српската свадба на деценијата, се зборуваше многу пред да се случи.

Но откако го видовме понуденото, не баш се исполнија очекувањата за еден така помпезно најавен гламурозен настан со престижни гости, кралско мени, декорации од Холандија, лимузини…

Дека нештата се само напумпани во медиумите, а можеби и од семејството Ражнатовиќ кое правеше свадба, покажаа токму тие со својот избор и однесување.

Прва изненади Цеца, која дури и на судење со Карлеуша се појавува нешто повпечатлива кога е гардеробата во прашање, отколку на свадбата на нејзиниот син.

фото:принтскрин/блицтв

Подоцна, како свекрва и како мега ѕвезда, сите очекуваа таа на веселбата да смени неколку раскошни тоалети, но таа носеше сосема просечна златна тоалета со висок шлиц.

фото:лилија станишиќ/курир.рс

Ништо повпечатлива не беше ниту нејзината ќерка Анастасија. На многуте фотосесии ја гледаме во модерни и префинети изданија, а за свадбата на брата си избрала да облече едноставна тоалета во тиркизна нијанса со длабоко деколте и висок шлиц.

Точно е дека за минимализмот важи правилото „помалку е повеќе“, но и од Анастасија се очекуваше далеку повпечаливо модно издание кое не го видовме.

фото:принтскрин/инстаграм

Сепак, нејзината најголема грешка не беше во изборот на фустанот, туку потегот кој го направи, а воопшто не и доликува на една дама, осовено позната која знае дека камерите ја снимаат во секој момент, а згора на тоа и на венчавка каде им поставија дрес код на гостите.

За една дама е недопустливо да се соблече боса на свадба, а Анастасија го направи токму тоа додека пееше пред гостите.

фото:принтскрин/инстаграм

Вистинска дама до крај ги носи високите потпетици или пак избира нешто посоодведно кога е комфорот во прашање, но во ваква прилика, тоа едноставно не смееше да се случи.

To top