По големиот успех со филмот за Тома Здравковиќ, Србите ќе снимаат филм за уште една фолк ѕвезда која годинва почина- легендарниот – Џеј Рамадановски.
Филмот ќе се вика „Недеља“ по неговиот најголем хит, а продуцентите се надеваат дека тој исто како и „Тома“, ќе има голема гледаност.
„Возбудливата приказна за животот на Џеј Рамадановски ќе биде раскажана без прекумерна патетика, со впечатливи ликови. Сценариото ќе се придржува до важните факти од биографијата на пејачот, третирајќи ги со сочувство кон главниот јунак, со кој приказот на суровата реалност со која беше принуден да се соочи не е доведена во прашање, туку напротив, како што треба да биде во успешните филмски остварувања“ – велат продуцентите.