Радио Милева подготвена на се...

Неа ништо не може да ја изненади: И падна микрофонот, ама Севе покажа дека умее и само со кабелот (ВИДЕО)

Неа ништо не може да ја изненади: И падна микрофонот, ама Севе покажа дека умее и само со кабелот (ВИДЕО)

Минатиот викенд, Северина настапи во еден ноќен клуб во Примоштен, каде доживеа мала незгода на сцената, во која пејачката добро се снајде. Додека ја пееше и играше на песната „Италијана“, на Северина микрофонот ѝ се лизна од раце.

Пејачката брзо успеа да го дофати за кабелот за да не падне на подот, а потоа ги изненади присутните. Микрофонскиот кабел ѝ послужи како јаже кое таа го прескокнуваше неколку пати, потсетувајќи на игрите од детството, но и покажувајќи дека е во добра форма и одлична физичка кондиција, па дури и подготвена за егзибиција. По овој свој потез Севе  доби овации од публиката.

Како таа се снајде и сетоа тоа го изведе, погледнете го видеото во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Фото: Инстаграм принтскрин/severina

To top