Македонската фолкерка Сања Сани Грозданозвска покрај тоа што има полни раце работа, речиси секој ден со се’ викенди, наоѓа по малку време да се зкачи и на социјалните мрежи. Фејсбук, Инстаграм… на кои покрај постирањето на по некоја нова фотографија или статус, не и недостига и провокација.
Понекогаш пејачката занае да ги покаже во прв план подразголените долги нозе, длабокото деколте и се што следи во него или некој друг телесен атрибут да исфрли на мегдан…
Фотографии доволно атрактивни колку и провокативни, чисто онака, колку да ја заскокоткаат јавноста или подобро кажано, машките мечти…
Друг пат пак Сани, она што не може во м оментот да го (по)каже со слика, го кажува со текст. По некој интересен, духовит пстатус или пост, на кој не му недостасува малку поинаков тип на провокација. Понекогаш јасно и прецизно упатена на одредена личност, а понекогаш општо кажана, во стилот на онаа, народната: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“, па самиот тој или таа, нека си се препознаат!
Така и овој пат… Фолкерката постираше на своите Инстаграм приказни „мудри мисли“, кои очигледно се упатени некому, кој овој пат сам ќе треба да си се препознае!
Ама затоа Сани точно го препознала цитатот кој треба да го сподели, за да допре таму каде што е наменет! Па кој сфатил, сфатил, кој не… Нека почека, „забавата“ да почне! Само потоа, да не му биде жал што не застана кај пиштолот?
Зашто, знаејќи ја Сани кога е весела каква забава прави, веројатно кога е бесна и лута, „забавата“ мора да е… „лудница“!