Радио Милева Случка од минатото

Не знаеле каде упаднале: Расел Кроу и Стинг завршиле во свингерски клуб

Не знаеле каде упаднале: Расел Кроу и Стинг завршиле во свингерски клуб

Австралискиот актер Расел Кроу (57) на „Твитер“ објави детали од минатото, за тоа како го поминал времето по концертот на групата „Полис“ во Ирска.

По настапот во Даблин во 2007 година, пејачот на групата Стинг (69) го однел Расел во локален паб, што се случило да биде домаќин на свингерска забава.

Ѕвездата на „Гладијатор“ напиша дека по состанокот со Стинг, тој завршил во клубот каде што имало свингерска вечер. Расел Кроу во тоа време беше оженет со Даниел Спенсер, со кого има два сина.

фото:профимедиа

Ова сеќавање на деталите од минатото доаѓа во пресрет на ангажманот на актерот во филмот, психолошки трилер – „Poker Face“.

Според „Сандеј телеграф“, станува збор за филм во режија на Гери Фледер, чие снимање ќе започне следниот месец во Австралија.

Од познатите актерски имиња, во филмот ќе се појави и sвездата Натали Портман.

„Poker Face“ е приказна за технолошкиот милијардер Џејк (го игра Расел Кроу) кој собира пријатели од детството на неговиот имот во Мајами, што се претвора во покер со високи влогови.

To top