Креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, на естрадата е веќе четири децении, а како што истакнува, се труди да одржува добри односи со сите познати личности. Сепак, тој не разговарал со познтиот пејач повеќе од две децении.
– Нема со кого не разговарам. Всушност, да, со Мирослав Илиќ не сум разговарал 23 години – изјави Поповиќ.
– Не сум го ни среќавал често . Едноставно, тој престана да комуницира со мене уште во 2000 година, па поминаа 23 години откако разговаравме – изјави тој.
– Да разјасниме, многу ја ценам неговата работа, неговите песни, музички. Неговите нумери се секогаш добредојдени во „Ѕвездите на Гранд“. Приватно, што мислам за него е друга приказна – изјави еднаш Саша за медиумите.
Фото: printskrin/YouTube