Македонската фудбалска репрезентација загуби од Австрија со 3:1 во својот прв настап на Европското првенство.
Австријците поведоа преку Штефан Лајнер во 18. минута, капитенот Горан Пандев изедначи десет минути подоцна, испишувајќи уште едно поглавје од македонската фудбалска историја како играч кој го постигнал првиот гол за Македонија на едно Европско првенство. За наша жал, во второто полувреме резервистите на Австрија, Михаел Грегорич и Марко Арнаутовиќ погодија за победа на нивната репрезентација.
На стадионот во Букурешт присуствуваа околу 4.000 македонски навивачи кои им дава голема поддршка на „црвено-жолтите“.
Вториот натпревар од 1. коло во Ц-групата се игра вечерва (21 часот) во Амстердам каде Холандија ја пречекува Украина.
Следниот дуел на македонскиот национален тим е на 17 јуни, исто така во Букурешт против Украина.