По интернет насилството, 21 годишната јутуберка Кристина Кика Ѓукиќ изврши самоубиство во нејзиниот изнајмен стан во центарот на Белград.
Во едно нејзино видео таа откри која е нејзината неисполнета желба.
-Неисполнета желба ми е да се преселам во Данска, не толку поради државата колку поради јазикот. Учам дански јазик од инцидентот кој се случи пред две години на аеродром кога ми го украдоа пасошот. Не почувствував поголема страст од учењето на овој јазик. Заљубена сум во данскиот јазик. Покрај тоа, сакам да бидам среќна и здрава, изјави Кристина.
-Добро ги поднесувам лошите коментари бидејќи ги имав и во 2014 година кога започнав да снимам видеа. Мора да сфатите дека ќе имате некој кој не ве сака и кој ќе има нешто против вас. Не може на секој да се допаднете. Фокусирајте се на оние кои ве подржуваат и на пријатели кои ве сакаат, изјави Кика.
-Имав понуда да глумам во една домашна серија. Не прифатив бидејќи се исплашив. Се прашував како ќе изгледам на камера. Како мала одев на часови за глума и плачев бидејќи не бев добра. Иако сум родена глумица, не можам да глумам кога сум под стрес. Тоа што ја одбив таа понуда беше најлошата одлука во мојот живот, откри јутуберката.
Таа откри зошто нејзиниот татко не се појавува во видета.
-Мојот татко почина кога бев мала. Имав две години. Не ви зборувам за ова за да ме сожалувате туку за да ви објаснам зошто ја снимам само мојата мајка. Тато премногу пушеше. Почнал да конзумира цигари додека бил мал. Подоцна му открија ракот на белите дробови и не преживеа. Немојте да конзумирате цигари за да еден еден ден вашето дете живее без мајка или татко, изјави тогаш Кика.
фото: принтскрин/јутуб