Радио Милева наместо 8мо мартовска честитка, корона тест

„Не сум добро, имам корона симптоми“: Taмара Тодевска позитивна на коронавирус

„Не сум добро, имам корона симптоми“: Taмара Тодевска позитивна на коронавирус

Taмара Тодевска е позитивна на коронавирус.

Короната покажа дека не бира, ни млади, стари, богати, сиромашни, познати, непознати…..

Многу јавни личности прележеа корона, некои поминаа со лесни симптоми, некои со потешки, некои без симптоми, а некои ја изгубија битката со „чумата на 21век“.

Македонската пејачката Тамара Тодевска исто така е позитивна на Ковид 19.

Во текот на вчерашниот ден, пејачката на „Инстаграм стори“ се дружеше со фановите додека чекаше резулатит од корона, односно тие им поставуваа прашања, а таа одговараше.

„Како си“, ја праша некои од следбениците, а Тодевска одговори: „Не сум добро, фала на прашање, имам корона симптоми, чекам резултат и така….

фото: принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Подоцна, пејачката ги објави резултатите на кои пишува дека е позитивна:

„Ајде нека е честито….“.

фото: принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Инаку, Тамара и нејзиното семејство пред некое време беа во изолација бидејќи нејзиниот сопруг беше позитивен на корона.

To top