Музичарот Ѓорѓе Давид, кого последниве години го гледаме во жирито на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, е уникатен по многу нешта – од неговиот изглед и имиџ до неговите животни ставови.
Ѓорѓе Давид неколку години е во емотивна врска со 18 години помладата Ана Мирчетиќ со која ја има ќерката Сташа. Освен што никогаш не отишле кај матичарот, Ѓорѓе и Ана не живеат ниту на иста адреса.
Тој ги посочи причините зошто никогаш не ја официјализирале својата врска:
– Мислам дека во 21 век таа хартија е форма која станува товар и која е надмината. Луѓето не можат да гарантираат верност, доверба и упорност со потпишување на едно парче хартија. Знам многу примери на прекрасни врски и љубов, каде луѓето најмногу се сакаа, но во моментот кога ќе го потпишат тој лист, приказната оди надолу.
Ѓорѓе смета дека мажите мора да бидат витези и дека жените треба да ја задржат својата слобода.
„Паѓаме на женска танга, на здолниште, до исончани нозе на високи потпетици. Во моментот кога ќе стане наша, кога ќе се нашминка ја прашуваме каде оди, кога ќе се облече ја спречуваме да оди во град и така натаму. Луѓе зошто сакате жена која никој не ја сака? Тоа е неуспешна инвестиција, верувајте ми“, рече еднаш.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес