Александра Пријовиќ од идниот сопруг Филип Живојиновиќ добила автомобил вреден 35 илјади евра. Станува збор за „Мерцедес“ кој е во сопственот на пејачката две недели.
Веќе со години Александра сака да научи да вози и да има автомобил, но тоа не можеше да го реализира поради обврски.
Најпосле, минатата година почна со часови, а тестовите и возењето ги положи од прва. Тогаш нејзиното момче реши да ја награди.
Како што пишуваат српските медиуми, Филип го купил автомобилот пред да ја побара за жена, но таа подарокот го доби сега.
Инаку, свадбата на оваа позната двојка е закажана за 21-ви јуни кога ќе го изговорат судбоносното „Да“.