Радио Милева

Не се само македонските дами, и Дарко Спејко се фрли на разубавување – ова е крајниот резултат (фото)

Не се само македонските дами, и  Дарко Спејко се фрли на разубавување – ова е крајниот резултат (фото)

Поради коронавирусот, околу два месеци беа затворени салоните за разубавување, па македонските јавни личности фризурите, шминката, гламурот и високите потпетици ги заменија со кежуал изданија односно без шминка, тренерки, пижами.

Со подобрување на состојбата, полека започнаа да се разлабуваат мерките за зашитата од короната. Така, салоните повторно функционираат, таму сега има навала, но со чекање ред кој ќе има среќа да закаже термин бидејќи бројот на клиенти за работа истовремено е ограничен, а задолжителна е и дистанца.

Македонските јавни личности едвај чекаа да се отворат салоните за да се фрлат на разубавување.

Па  така, Лила Филиповска, Елена Петреска, Тамара Тодевска, Миа Костова, Елена Велевска и други седнаа меѓу првите да се средуваат.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kubea-vlanka-vo-nos-se-feniraa-farbaa-poznatite-makedonki-navalija-na-sreduvanje-foto/

Меѓутоа, не се само тие. И Дарко Спејко ги посети своите пријатели во салон и тој се „фрли на разубавување“ односно на кратење и средување на косата.

фото: Инстаграм

По завршениот третман, Спејко на социјалните мрежи се пофали со крајниот резултат и фризура.

 

фото: Инстаграм
фото: Инстаграм

Како ви се допаѓа?

To top