Пејачот Амар Гиле требало да се појави на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда специјал“, но пејачот не се појавил.
Како што соопшти директорот на „Гранд“, Амар имал сообраќајна несреќа и не можел да ја помине границата меѓу Босна и Србија, па поради тоа не се појавил на снимањето.
За потсетување, Амар во 2016 година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која едвај се спаси.
Тогаш несреќата се случила на пат Белград – Какњ кога автомобилот во кој бил пејачот излетал од патот и се превртел.