Радио Милева брзо го прежали?

Не се појави на шестмесечниот помен од смртта на сопругот, ама затоа Николина Пишек се сликаше разголена во секси долна облека, мрежести чорапи и жартиери (ФОТО)

Не се појави на шестмесечниот помен од смртта на сопругот, ама затоа Николина Пишек се сликаше разголена во секси долна облека, мрежести чорапи и жартиери (ФОТО)

Водителката Николина Пишек продолжи сама по смртта на нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ, а овој пат објави многу провокативна фотографија. Николина ја искористи популарната прослава „Ноќта на вештерките“ и се фотографираше, но не во хорор костим туку еротски аутфит. Секси долна облека огледана во градник, гаќички, жартиери и мрежести чорапи со што ги изненади сите со објавувањето на вакавата возбудлива фотка.

За фотографијата што ја направил уметничкиот фотограф Шиме Ескиња многумина ја искритикуваа Николина. Особено затоа што нашла време да се се слика во ваква слободна поза, а не најде да се појави на шестмесечниот помен на нејзиниот сопруг Видоје одржан минатата недела. најгласен во критиките беше поранешниот свекор Миша Гроф.

„Очекував Николина да дојде, особено што таа вчера беше во Белград. Морала да има некои важни обврски. Не верувам дека не се појави поради мене, никогаш немало непријатна средба меѓу нас двајца. За неа денес сигурно има поважна обврска од оваа. Можеби  да ги шета кучињата. Па, вдовицата не стигна на поменот на својот сопруг“ – прокоментирал Витор Ристовиќ, таткото на Видоје, во јавноста попознат под прекарот Миша – Гроф.

Фото: Инстаграм принтскрин/nikolina_pisek

 

To top