Радио Милева
разбудено чувство?

Не се нејзини, ама исто како да се, зашто… можеа и да бидат: На Ноне за миг и проработи мајчинскиот инстикт? (ФОТО)

Не се нејзини, ама исто како да се, зашто… можеа и да бидат: На Ноне за миг и проработи мајчинскиот инстикт? (ФОТО)

Некогаш најпопуларна млада македонска пејачка, денес  најшетаната велешанка повторно е на нова егзотична дестинација. Работата на прекуокеанските крузери на кои последнава деценија работи и е таква што патувањата по светот и овозможуваат да го спои убавото со корисното, што покрај добрата заработка е и невидена предност.

Она што е секако хендикеп е немањето ниту време, ниту можност за споделување љубов и емоции, зашто додека ги крстари светските океани како морнарка, тешко дека некој денес би ја чекал повремено да се укотви дома. Од друга страна прописите и правилата на крузерите се толку строги и ригорозни што не дозволуваат баш легални врски меѓу членовите на персоналот или посадата, а со гостите и да не зборуваме, па овој хендикеп некако тешко паѓа секому. Затоа тајните врски и  „илегалната љубов“ се тука да ја пополнат празнината… Онаа, емотивната, секако!

Токму Ноне Неделковска една таква врска имаше со својот бродски колега.

Со црномурестиот Рајан по потекло од Јамајка, но околностите очигледно си го направија своето, па наместо Велес да добие Јамајка зет, нивната љубов доби отказ!

Сега Ноне Неделковска е на ново патешествие. Во средиштето на мајка Африка, на нејзиниот источен брег во Кенија. Нејзиниот крузер укотвен во пристаништето на вториот најголем град Момбаса, сместен на брегот на Индискиот океан, познат како мека на туризмот во овој регион.

А таму Ноне секој слободен миг го користи за одмор и уживање, колку што е допуштено и колку што се може.

Крај океанската крајбрежна шир или покрај базенот под палмите, „малечката сирена“ со полни гради го впива она што го нуди убавината на бенефитот од професијата. Егзотични места, егзотични дестинации,, нови луѓе, култури и нации…

Но една споделена фотографија на џепната венера предизвика љубопитност овде дома…

Не на сламената фотелја во блискиот бар на плажата и во нејзините прегратки една, па уште една малечка црномуреста убавица. Нема сомнеж, не знаеш која од која е послатка, иако сомнежот во нешто друго – исплива за миг… Дали тоа на Ноне и проработи мајчинскиот инстикт?

Зашто ниту едната, ниту другата малечка „црномуреста кукличка“ секако не е нејзино дете, ама исто како да се, зашто… всушност, можеа и да бидат!

Ама ете, не било пишано и судено, но ако мајчинското чувство навистина е разбудено… Тогаш, никогаш не е доцна за убави нешта. Можеби токму новата 2024-та  радосните вести ги чека со раширени раце, да ги смести во нечии топли прегратки!?

 

Фото: Инстаграм/nona.nedelkovska

Останати вести од Радио Милева