Радио Милева

„Не сакав да ти се мешам“: Цеца јавно и се обрати на ќерката Анастасија

„Не сакав да ти се мешам“: Цеца јавно и се обрати на ќерката Анастасија

Српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ е горда на успехот на својата ќерка Анастасија, поради што јавно и упати емотивна порака.

Анастасија Ражнатовиќ минатата недела и ја претстави на публиката својата нова песна „Ране“, која за помалку од една недела достигна повеќе од 6 милиони прегледи на Јутјуб.

Нејзината мајка цеца, не крие колку е среќна поради својата наследничка, која со причина стекна епитет млада поп ѕвезда.

фото:принтскрин/цецаражнатовиќ

-Не сакав да ти се мешам додека работеше на песната и спотот. Те пуштив да направиш се’ сама. Дадов само мој совет за песната. Пораките кои деновиве ги добивам и она што го гледам ме прави да бидам најгорда мајка на светот. Те сакам, бескрајно! Браво девојко!- се зборовите кои Цеца јавно и ги упати на ќерка си.

To top