Дарко Лазиќ наскоро ќе се реализира во улогата на татко по вторпат, односно неговата свршеница Марина Гагиќ е бремена.
Како што пренесуваат медиумите во регионот, наводно Марина му се заканила дека ќе го остави ако повторно се врати на пороците.
„Марина побесне.Прво му кажа дека треба да води нормален живот бидејќи наскоро ќе се роди бебето, а тој и вети дека ќе биде поодговорен. Тогаш му кажа дека нема да ги трпи неговите глупости бидејќи наскоро ќе стане мајка и нема намера да се грижи за две деца. Му кажа дека немера навечер сама да седи со бебето, а да се грижи за него да не се удрил некаде“ вели извор близок на Лазиќ и додаде дека Марина одлучила да пресече:
„Марина и понатаму има трауми од неговата несреќа. Му порача ако продолжи да се однесува како досега, да вози брзо, а посебно доколку купи мотор, дека со нив е готово и дека ќе си замине со бебето“ вели пријател на пејачот.
За потсетување, Дарко од првиот брак ја има ќерката Лорена.