Теодора Џехверовиќ, една од најпознатите пејачки кај помладата генерација, повторно предизвика бура со своите објави. Таа секојдневно е активна на својот Инстаграм профил, а не недостигаат и провокативни содржини, иако често е мета на осуди поради ова, но тоа воопшто не и пречи.
Неодамна беше на столбот на срамот поради провокативната облека на нејзиниот настап, по само неколку дена реши повторно да ги „шокира“ своите следбеници. Теодора повторно реши да се пошегува на себесвојствен начин.
Таа на Инстаграм објави фотографија со пилинг на лицето и додаде во коментарот: „Само уште го*но не си ставил на лицето…“, на што допишала: „Не речи два пати!“ од што на многумина им се „преврте“ желудникот.
Фото: Инстаграм/teodoradzehverovic