Радио Милева

„Не престанавме да си грмиме“: Тамара Тодевска и Хана на гости во „Дајте музика“ (фото)

„Не престанавме да си грмиме“: Тамара Тодевска и Хана на гости во „Дајте музика“ (фото)

По речиси три децении од култниот едукативно-музички серијал „Дајте музика“, се снима ново продолжение на шоуто кое освен што ги забавуваше младите, им помагаше и на родителите при секојдневното воспитување на децата. Многумина се сеќаваат и со пиетет сѐ уште зборуваат за случките на Трајче, Сара, Наташа, Раде и Оливер кои освен што важеа за идоли на една генерација, беа главните протагонисти во познатото детско шоу од 1992 година „Дајте Музика“

Периодов се снимаат новите епизоди од серијалот, а овојпат на гости на снимањето на една од епизодите се појави и македонската пејачка Тамара Тодевска заедно со нејзината ќерка Хана.

За оваа прилика, Тамара и нејзината Хана се облекоа во жолто долго здолниште и маички. Тодевска ова комбинација ја комбинираше со црни високи потпетици, а малата Хана со бели патики.

фото: принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Весна Бејби Петрушевска не ја криеше воодушевеноста што Тодевска се појави во „Дајте музика“, па на социјалните мрежи сподели фотографија од снимањето, а во описот на истата напиша:

фото: фејсбук/веснабејбипетрушевска

„Не престанавме да грмиме. Денес на гости ни дојдоа Тамара Тодевска и Хана. Каков хит имаме се вика „Холивуд“, напиша Весна.

фото: фејсбук/веснабејбипетрушевска

Во копродукција на „Македонската Радио Телевизија“ и продукцијата “Рифенштал” веќе се снимаат нови триесет епизоди од серијалот „Дајте Музика“ чии автори се Лазар и Цаци Паковски. Најголем дел од протагонистите во серијалот се од актерската школа на Весна Петрушевска, која воедно е инструктор по актерска игра во проектот. Серијалот е во режија на Лазар Паковски и Владимир Митревски.

Останати вести од Радио Милева