Радио Милева

Не освои со улогата на Марио во „Преспав“, а вака Васил Зафирчев изгледал како дете (фото)

Не освои со улогата на Марио во „Преспав“, а вака Васил Зафирчев изгледал како дете (фото)

До неодамна Васил Зафирчев имавме прилика да го гледаме во улогата на готвачот Марио во серијата „Преспав“.

Која улога и да ја има, Васил знае да ги добие сите симпатии на публиката.

Тој неодамна гостуваше во емисијата „Живот со стил“ каде што откри кои слични каракатеристики ги има со Марио.

Во таа прилика, Васил потенцираше дека од Марио ги има само добрите особини, готевњето и медитацијата.

Исто така тој се потсети на своето детство.

„За детството секогаш ме врзуваат убави спомени. Ова е фотографија најверојатно од еден од моите први настапи на еден детски музички фестивал. Песната мислам дека се викаше „Железничар“, прокоментира Васил една фотографија.

Тој откри дека како дете за Нова година добил еден од најдобрите подароци односно дрвен воз кој му го подарил неговиот тетин.

„ Имав убаво безгрижно детство затоа што тогаш нашите родители живеа безгрижно во една средена, убава земја“ вели актерот.

Зафирчев е син единец, а неговата мајка била медицинско лице која била многу строга.

„Јас од мали нозе бев воспитан, да правам избори. Никогаш не го добив тоа што го сакав туку го добивав со неколку избори и на крајот да одлучам што ќе одберам. Многу сум благодарен на моите родители затоа што подоцна во животот тоа многу ми помогна“ вели Зафирчев.

Тој истакна дека заедно со неговото семејство често патувале во други земји од  каде што стекнале пријатели и пријателки со кои комуницира и денес.

Зафирчев истакна дека тогаш со неговите пријатели се допишувал со писма бидејќи тогаш немало мобилни телефони и интернет.

Васил потенцираше дека е носталгичен по тоа време и своето детство.

To top