Саша Видиќ веќе некое време негативно ги коментира модните комбинации на Вики Миљковиќ.
„Вики е како лоша карма на целата естрада. Таа цело време е на сцената без ниту еден хит. Ја познавам како како пејачка на трактор. Тогаш изгледаше како Пипи Долгиот Чорап. Зошто цел живот сакаш да бидеш кума? Кума не е карта за стил“ во една прилика истакна Видиќ.
Познатата пејачка одлучи повеќе да не молчи и да му одговори.
„Тоа се луѓе кои нема што да прават, па зборуваат глупости за да станат познати или да заработат некој ситен денар. Јас тоа го разбирам, но не подржувам да плукаш по нечија работа. Сепак, секој си има свое мислење. Мене ми е важно кој зборува, а не што зборува“ вели Вики и додава:
„Секој коментира тоа што го знае и тоа што не го знае. Кога не работиш ништо и плукаш по туѓата работа тогаш зборуваш за самиот себе“ вели пејачката.
За потсетување, Вики е дел од „Ѕвездите на Гранд“ каде што е ментор на некои македонски учесници.