Мегафон На 2 и 3 септември...

Не очекува фантастичен „Охрид фест 2022“: Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ…, награди за промоцијата на музиката на Балканот за Гаро и Мирослав Илиќ

Не очекува фантастичен „Охрид фест 2022“: Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ…, награди за промоцијата на музиката на Балканот за Гаро и Мирослав Илиќ

На 2 и 3 септември не очекува фантастичен „Охрид фест 2022“. Ќе настапат: Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ…, награди за промоцијата на музиката на Балканот за Гаро и Мирослав Илиќ Подготовките за најновото, 29-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест “, една година пред јубилејот, се во полн ек. На 2 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, во Фолк вечер ќе настапи домашната фолк елита, свое шоу ќе има популарниот пејач од Србија – Мирослав Илиќ („Божанствена жено“, „Није живот једна жена“, „Још те нешто чини изузетном“, „Поломиќу чаше од кристала“…) а во втората фестивалска ноќ на 3 септемри ќе видиме многу атрактивни музички имиња од Балканот.

„Бастионот на убавата македонска песна „Охрид фест“, годинава ќе понуди одлична фолк и интернационална вечер, каде на 2 и 3 септември ќе настапат докажани музички имиња и, бидејќи ги охрабруваме новите музички сили, даваме можност дебитантите да ја започнат музичката кариера токму од Охрид – вели првиот човек на „Охрид фест“, Григор Копров.

Традиционално, водителите на фестивалот се Каролина Петковска – во Фолк вечерта и Маријана Станојковска и Васил Зафирчев во Интернационалната вечер, кога ќе настапат многу интересни имиња. Од Србија доаѓаат Кики Лесендриќ и Срѓан Марјановиќ, од Хрватска- Владо Калембер, Златко Пејаковиќ, Теди Грубица и Јурица Паѓен („Аеродром“ „Азра“, „Парни ваљак“), од Босна го имаме Ален Исламовиќ, словенските музичари се Божидар Волф, Инес Ербус& Давид Амаро, од Бугарија ќе го видиме дуото „Expose“, од Албанија – Рина Рамадани и гостинот од Грција е Толис Дамјанос. Советот на фестивалот најавува уште многу изненадувања. Наградите за промоцијата на музиката на Балканот се доделуваат на Мирослав Илиќ, кој ќе има свој мини концерт во фолк вечер и нашиот Гарабет Тавитјан, кој ќе го видиме во Интернационалната вечер. Од најубавата сцена на Балканот- Долни Сарај, фестивалот директно ќе го пренесува националниот сервис, МРТВ а преносот ќе го емитуваат над 10 телевизии од Балканот. Се гледаме во Охрид!

To top