На оваа фотографија направена во Трст далечната 1972 година, сигурно веднаш го препознавте Здравко Чолиќ. Ако припаѓате на малку постарата генерација, тогаш сигурно сте го препознале и покојниот Даворин Поповиќ, пејачот на легендарната сараевска група „Индекси“.
Но, без разлика колку години имате, се обложуваме дека немате поим кое е момчето во средината.
Трансформација, по која малкумина би рекле дека овој буцко ќе прерасне во белградски шмекер и еден од највлијателните рок музичари и автори во регионот.
Верувале или не, би се обложиле дека никој не претпоставува дека ова момче е всушност Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, лидерот на култната белградска група „Ван Гог“.
А како и би знаеле, кога само најблиските го паметат вака?