Српската фолк пејачка Тијана Милентијевиќ, попозната по прекарот „Жена од султана“, е на турнеја низ Америка, каде ноќе настапува, а дење очигледно ужива.
По завршувањето на концертите во Чикаго, тимот се упати кон сончевиот и топол Мајами, а пејачката не го криеше задоволството од овој град, како и луксузот што и го пружија организаторите.
Тијана го користи секој момент да ги израдува своите следбенници со нови фотографии на социјалните мрежи. Но, овој пат, со оние што ги сподели како најтазе, пејачката ги обори од нозе.
Таа објави неколку фотографии од плажа во бикини на својот Инстаграм, за кои доби ем голем број лајкови, ем прегрст комплименти.
За оние на кои пејачката позира пред куќичката за спасители во Мајами, до оние на кои исончаната фолкерка изгледа повеќе од фантастично… Толку секси, просто бомбастично!
Впрочем илјада зборови- една слика, а на секоја слика, „слика и прилика“ Тијана во секси бикини во различни пози, за оние над 18 години.
Не, не е фатаморгана… Ова се новите бомбастични фотки на „Жена од султана“ со кои погледите и машките воздишки ги мами од песочните плажи на Мајами!
Но ништо помалку жешка пожелна и заводлива Тијана не е и на претходните свои пози…
На, оние неколку од плажите на Будва…
Или разголените секси пози од хотелскиот декор во еден од апартманите на Златибор.
Фото: Инстаграм принтскрин/tijanamilentijevic.official