Радио Милева

Не му е сеедно: Слоба објави снимка со Луна, па се предомисли (фото)

Не му е сеедно: Слоба објави снимка со Луна, па се предомисли (фото)

Пинк ѕвездата Слободан Радановиќ беше гостин на забавата во реалното шоу „Задруга2“. Како што е познато неговата екс-девојка Луна Ѓогани моментално е една од најактуелните учеснички, а гледачите имаа прилика да видат како изгледаше нивната средба по подолго време.

Имено, Слободан се појави во полн сјај, а сите забележаа дека тој професионално се постави пред учесниците и Луна.

Младата блогерка ја преплака цела ноќ поради неговото игнорирање, а внимателно ги посматраше своите цимерки чии погледи беа во нив до крајот на вечерта. Меѓутоа, таа пред сите задругари во текот на емисијата раскажа како прва му пришла да го поздрави, но го избегнала неговиот обид да ја прегрне, па од почит му ја пружила само раката.

Револтиран од нејзиниот коментар, Слоба имаше потреба на Инстаграм да објави снимка на која сите забележаа дека тој и пријде да се поздрави, па со емотикон наведе дека различно ја протолкувале неговата постапка.

Пејачот по извесно време ја тргна снимката од профилот, а што со тоа сакаше да порача и дали постапката на Луна остана нејасна, останува да видиме.

To top