Водителката Јована Јоксимовиќ го прифати ангажманот со кој од 5-ти март гледачите ќе ја гледаат на „Прва“ српска телевизија заедно со Срѓан Предојевиќ на утринската програма.
Нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ и ја пружа најголемата поддршка, а водителката открива дека изминатата година за неа и не била така среќна.
-Имав исклучително комплицирана бременост, па едвај чекав да ги видам и се да заврши добро за мене и за близначките. Потоа, имав многу тешко породување и беше потребно многу љубов и трпение за физички да се опоравам. Се сеќавам дека едвај го чекав утрото кога ќе имам сила да станам од кревет и да ги земам во прегтатка, открива Јована.
На прашањето што прави кога двете плачат во исто време, таа вели:
-Плачам и јас (се смее). Шегата на страна, секогаш има некој до мене во такви ситуации. Имам помош од мајка ми, свекрвата, Коста, како и девојките кои работат кај нас, вели Јована.