Радио Милева

„Не може никој да не спречи“: Меган Маркл одговори на последниот потег на кралицата Елизабета

„Не може никој да не спречи“: Меган Маркл одговори на последниот потег на кралицата Елизабета

Меган Маркл (38) им кажала на своите пријатели дека на неа и принцот Хари (35) не може „законски да им се спречи“ да го користат зборот „кралски“ како дел од нивните работни активности, иако кралицата Елизабета Втора тоа го забрани, пишува „Дејли Мејл“.

Маркл на своите блиски пријатели се пожалила дека употребата на нејзиното име не треба да биде проблем.

фото: принтскрин/инстаграм

„Не е како да продаваме маици и пенкала“ наводно изјавила војвотката.

„Меган изјави дека и е доста од драми во животот, па нема време за критичарите и за оние што ќе и кажуваат на неа и сопругот што треба да прават“ изјави пријател на Меган кој е запознаен со ситуацијата.

 

фото: Факундо Аризабалага/епа

За потсетување, кралицата Елизабета и високите функционери се договорија во вторникот дека не е примерно парот и понатаму да го користи брендот „кралски“ во своите активности и да не се претставуваат како дел од кралското семејство.

Веста Меган не ја примила добро.

„Меган изјави дека глобалните проекти за кои таа и нејзиниот сопруг работеле зборуваат сами за себе и дека решиле да го користат тоа име за да го заштитат кралското име, а не да заработат пари на него“, рече пријател на Маркл.

„Меган рече дека името на нивниот бренд не спаѓа во иста реченица со добротворната организација што ја градат и позитивното влијание што таа ќе го има врз луѓето и околината“.

Изворот тврди дека Меган ми кажала на Хари дека заедно  ќе успеат без оглед дали ќе го употребуваат зборот „кралски“ или не.

To top