Радио Милева

Не може му никој ништо: Оженетиот фолкер е во љубовна врска со 30 години помлада девојка?

Не може му никој ништо: Оженетиот фолкер е во љубовна врска со 30 години помлада девојка?

Српскиот портал „Курир“ пренесува дека оженетиот фолкер Митар Мириќ е во врска со 30 години помладата пејачка Драгана Јаниќијевиќ која живее во едно село во близина на Прокуље.

Иако Митар е во брак со Сузана Мириќ, тој и неговата љубовница не се кријат, тврди извор. Таа дури и објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи.

фото: фејсбук

„Митар е голем заводник. Поради тоа што е слаб на женскиот род, има проблеми со сопругата. Се уште се во брак, но тој не го промени својот начин на живот. При три години ја запозна Драгана и му покажа дека нејзиното друштво му годи. Му се допадна на прв поглед и разменија контакти. Прво почнаа да се гледаат тајно, па почнаа да излегуваат на јавни места. Ја водеше на свои настапи,а бидејќи и таа е пејачка многу му помага околу работата“ вели изворот и додава:

фото: фејсбук

„На Митар му годи тоа. Во околината на Прокупње се зборува само за тоа. Се држат за рака, се бакнуваат како да се сами на свет. Не знам дали неговата сопруга знае за врската, но знам дека Драган објавува заеднички фотографии. Освен тоа, таа е мајка, има син. Митар многу го сака. Често доаѓа во село кај неа и помага колку може“вели изворот.

По тој повод се огласи и Митар.

„Почитувани, таа снимаше два спота со мене и имаше неколку настапи. Така да, не е точно. Поздрав“ изјави Митар.

Меѓутоа, на нејзиниот профил на „Фејсбук“ постои фотографија од Драгана и Митар, а нс која пишува: „Концерт, јас и мојата љубов“.

фото: фејсбук
To top