Генерациската разлика во нивниот случај не е присутна, а познатиот диџеј очигледно дека никогаш не бил посреќен.
Планетарно познатиот диџеј Дејвид Гета живее вистинска љубовна бајка со 25 години помладата избраничка Џесика Ледон која со неговите латино гени успеала да го заведе.
Жешките августовски денови тие ги поминуваат на летување, а не се кријат ниту од папарацо фотографите и медиумите, а нивните страсти и емоции можеле да ги воочат сите присутни на преполната плажа во Миконос.
Дејвид и Џесика постојано разменувале нежности, а Гета во шестата деценија од животот очигледно ја живее својата нова младост.
Диџејот до 2014 година бил во брак со сопругата Кети Лоб, со која има двајца наследници, а до денес се шпекулира дали атрактивната Кубанка е причината за нивниот развод.
Настапите ширум светот се во тек, а на Гета сега единствено му е важно избраничката да биде покрај него во животот.