Радио Милева

„Не можам повеќе да се правдам“: Дарко Лазиќ искрено прозбори за користењето на наркотици

„Не можам повеќе да се правдам“: Дарко Лазиќ искрено прозбори за користењето на наркотици

Пејачот Дарко Лазиќ помина низ турбулентен период. Прво, се разведе од Ана Севиќ, па се појави видео на кое се гледа како користи наркотици, но исто така беше и физички нападнат поради долгови.

Имено, пејачот на Гранд кој подготвува нова песна за српскиот портал „Курир“ прозбори за својот нов живот.

„Не можам повеќе да се правдам, но луѓе, јас повеќе не користам наркотиици. Живеам нормален живот. Се гледа дека сум среќен и дека се е во ред. Сакам да зборувам за убави работи. Јас сум нормален човек и сакам да престанат тие зборувања за дрогата“; вели пејачот.

фото: Никола Томиќ

Кога новинарите го прашале зошто пристигнал на снимањето со обезбедување, тој одговори:

„Немам обезбедување, со мене се само моите другари. Убаво е кога имаш пријатели кои те сакат, нели? Инцидентот е зад мене, се тоа помина и нема потреба никој да се возбудува. Не ми треба физичка заштита, не правам ништо лошо“, вели Лазиќ.

Инаку, Дарко е во седум месечна врска со Марина Гагиќ во која е заљубен, но не размислува за брак.

To top