Сопругата на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ е личност која ги користи своите социјални мрежи и јавни настапи за да привлече внимание на важноста на заштитата на животната средина.
Јелена во една прилика изјави дека користи козметика исклучиво направена на растителна основа, а дека не користи парфеми.
– Зрачиш со многу позитивна енергија, се гледа дека сте дете во душа, спонтано и секогаш желно за знаење. Имав прашање, што е со парфемската индустрија бидејќи сите ја сакаме, уште една тема за истражување – и напишала една девојка на Јелена, а одговорот на сопругата на Новак Ѓоковиќ ги изненадил сите.
– Мило ми е што учиме заедно! Долго време користам есенцијални масла, не парфеми но, одлично прашање – напиша Јелена Ѓоковиќ.
Фото: Принтскрин/Марко Ѓоковиќ