Македонската убавица и пеачка Кристина Димитриевска се најде во нова неволја. Како што популарноста почна да и расте, а со тоа и бројот на обожаватели, по се’ изгледа очна да и се зголемува и бројот на душман(к)и. Дали од машка немоќ што не може баш секој со неа да биде на „образ до образ“ или од женска љубомора и завист што малку дами можат да и бидат налик, некој се обидел на расната тетовка да и нанесе ненадоместлива штета.
Така барем убавицата се пожали… И тоа јавно, зашто ако тоа што „пакосникот“ наумил навситина се случило, новопечената пејачка ќе требаше да почнува одново. До душа, не да пее, туку, да ја гради својата виртуелна популарност од нула, на за неа, најползуваната социјална мрежа – Инстаграм.
Имено, токму некој(а) „фраер(ка)“ се обидел(а) да ја „уништи“ Кристина Димитри, со тоа што пробале да и го избришат нејзиниот профил на Инстаграм. И по се изгледа донекаде им успеало, но не за долго!
Откако убавицата забележала дека нешто чудно се случува со нејзиниот профил на оваа популарна социјална мрежа, веднаш реагирала, па пријавила таму каде што треба. Да се живи пријателите, во случајов спасителите, кои молњевито реагирале, па видеата, фотографиите и статусите биле спасени, односно експресно и ги вратиле.
Арно ама, пејачката не останал мирна, па на своите Инстаграм приказни ем ја раскажа случката во пет-шест збора, ем на „злобниците“ им упати заканувачко предупредување. Чисто онака, да знаат со кого си имаат работа, за друг пат да не им падне на памет да изигруваат „штетници“ за да не им се случи потоа наместо таа, тие да бидат најголемите губитници.
„Ќе си умрете од завист бе луѓенца… А за брзо ќе дознаеме кој ‘фраер’ сакаше да ми го избрише Инста. јас на пример не се пипам со луѓе за кои не знам кој стои зад нив. Убава вечер, Инста е вратен за 15 минути. Па, размислете“ – им порача тетовската убавица возвраќајќи им со “вербална шлаканица“ на оние што сакаа „да и го сместат“!
Останува само да си го додржи зборот и набргу да открие, кој беше тој „сирот“ што се обиде да и го избрише Инстаграм профилот? А потоа… Кој „преживее“ ќе се покае?
Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry