Радио Милева нови детали

„Не ја сакав круната бидејќи видов што и направија на мојата мајка“: Принцот Хари со нови шокантни тврдења за кралското семејство

„Не ја сакав круната бидејќи видов што и направија на мојата мајка“: Принцот Хари со нови шокантни тврдења за кралското семејство

Во трејлерот за документарниот филм на принцот Хари се документира неговото ментално здравје во емисијата кај Опра Винфри, се прикажени некои снимки од него и неговиот татко Чарлс на погребот на неговата мајка.

Вовјводата од Сасекс договори соработка за снимање на докуемнтарец под името „Јас, кој не го гледате“ . Во некои делови од трејлот јасно се гледа неговиот разговор со Опра за неговата ментална состојба.

фото: профимедиа

„Донесувањето на одлука за примање на стручна помош не е знак на слабост. Напротив, во денешниот свет денес тоа е знак на сила“, вели младиот принц.

Во најавата се прикажани емотивни снимки од него и неговиот татко како разговараат на погребот на неговата мајка, принцезата Дајана.

Исто така се прикажани и Меган Маркл и синот Арчи.

фото: профимедиа

Војводата од Сасекс истотака откри дека сакал да го напушти кралското семејство бидејќи пред 15 години видел што и направило кралското семејство на неговата мајка.

„Во своите 20 години си велев дека не го сакам ова, не ја сакам круната бидејќи видов што и направија на  мојата мајка. Затоа што видов што се случува зад завесата на семејните работи, знам како функционираат, токму поради тоа не сакам да учествувам, ниту да бидам дел од тоа“, вели принцот.

На крајот принцот вели дека не го обвинува кралското семејство за претходните случувања, но дека знае како ќе го воспита синот Арчи.

To top