Радио Милева

Не и доаѓа паметот: Викторија Бекам под жестока критика на јавноста и медиумите -еве зошто!

Не и доаѓа паметот: Викторија Бекам под жестока критика на јавноста и медиумите -еве зошто!

Модната дизајнерка Викторија Бекам е критикувана поради тоа што користи во нејзината нова огласна рекламна кампања млад човек со анорексичен изглед, објави “Њујорк тајмс”.

За промоција на очила со правоаголни рамки се користеа услугите на 29-годишниот модел од Литванија Гид Дукаскајт која не изгледа здраво.

Според коментарите на социјалните мрежи, јавноста не се сложува со изборот на модел што го направила Бекам, алудирајќи на нејзината одговорност како јавна личност која креира јавно мислење и пропагира нездрав изглед.

Исто така креаторката, на социјалните мрежи доби совет да внимава при изборот на модели преку кои во суштина испраќа и порака за тоа што е дефиниција за убавина.

На обвинувањата, дизајнерката одговори дека секогаш пред да ангажира модел, добро се проверува нивната здравствена состојба во релација и со нивната матична модна агенција.

 

To top