Радио Милева одличен план

Не ги сокрива добрите нозе: Рада Манојловиќ има супер тактика за бакшиш (фото)

Не ги сокрива добрите нозе: Рада Манојловиќ има супер тактика за бакшиш (фото)

Пејачката Рада Манојловиќ на нејзиниот Твитер профил објави фотографија на која се гледа дека има закажано настапи до крајот на годината, а додаде и многу интересен коментар. Рада на почетокот на оваа година направи голем исчекор во кариерата и реши да го смени целиот тим со кој работеше, а најголемата промена беше тоа што за менаџер ја вработи сопствената сестра Маја, бидејќи како што изјавила, не сакала да им дава пари на други луѓе, туку дека целата нејзина заработка „останува дома“.

Таа ја вработила нејзината сестра бидејќи е сигурна дека никогаш нема да ја изневери или измами. Ја покачиле цената на настапите, па сега Рада најчесто пее за 8.000 евра. Цената зависи од тоа за каква прослава се работи, но и од тоа дали мора да патува надвор од Србија – изјавил тогаш близок извор на пејачката.

Рада сега на својот Твитер профил објави слика на која може да се види дека нејзината сестра се потрудила и дека закажала настапи на Манојловиќ до крајот на годината, а покрај сето тоа пејачката додала и интересен коментар:

– Рада досега има дури 47 настапи, а кога ќе се помножи со хонорарот од 8.000 евра, се гледа дека пејачката ќе заработи дури 376.000 евра, а кога на сето тоа ќе се додадат бакшишите од приватни прослави, може да се заклучи дека бројката ќе биде многу поголема.

Фото: Принтскрин/Ч.Вукојичиќ

To top