Радио Милева
тилот во огледало

Не е веќе само Жаре бербер меѓу пејачите – водители: Ни(кој) не (те) шиша како Стефан Лазаров, а еве и зошто? (ВИДЕО)

Не е веќе само Жаре бербер меѓу пејачите – водители: Ни(кој) не (те) шиша како Стефан Лазаров, а еве и зошто? (ВИДЕО)

На македонската естрада не е непозната пракса некои од пејачите да бидат ТВ водители. Така можеби најпознатиот беше покојниот Драган Вучиќ, па ТВ емисии воделе и Зуица Лазова, Адријана Алачки, Благоја Грујовски, Вера Јанковиќ, Јулија… а имало и обратни случаи кога ТВ водители се опробале на естрадата да запеат, како Лила Филиповска, Крумислав Барзов, Александар Блажевски, Жаре 1 на 1… И третата најчеста комбинација, кога актери биле и ТВ водители и пејачи… од Игор Џамбазов, преку Тони Михајловски, па се’ до Драган Спасов Дац и Жарко Димовски на пример, иако примери има уште многу!

Но, сепак еден редок феномен, се случил само еднаш… Или барем толку паметиме. Да биде пејач, ТВ водител, а во исто време и бербер му тргнало од рака само на познатиот скопски забавувач Жарко Богатинов, во светот на шоубизнист познат како Жаре – бебер, кој навистина беше професионалец во сите три категории: водење пред ТВ камерите, пеење и потстрижување. Познат по својот специфичен стил на водење, незаборавните ноќни журки по локалите и клубовите и берберското мајсторство во неговиот дуќан.

Арно ама, феноменот траеше се’ до сега… Отсега не е веќе само Жаре бербер меѓу пејачите – водители, зашто ако не сте знаеле, ни(кој) не (те) шиша како Стефан Лазаров!

Имено, најпознатиот  македонски јутјубер кој го запознавме најпрвин како ТВ водител иако се’ уште тоа и е, само што  ТВ каналот го замени со Интернетот и Јутјуб каналот, патем е и пејач, односно активен рапер, а отсега и бербер! Ново хоби или професија, допрва ќе видиме, ама затоа она што можевме да го видиме е дека… Ни(кој) не (те) шиша како Стефан Лазаров, а еве и зошто?

Првиот муштерија, како за сефте кој друг, ако не другарче… За не дај Боже нешто да не тргне наопако, па новопечениот бербер наместо бакшиш од муштеријата да добие ќотек!

Лазаров со машинката в раце и работата повторно „му е песна“… Па нели кој пее зло не мисли? Арно ама, кој умее да мисли, не му е до песна. Како што не му беше ниту на првиот муштерија, после потсрижувањето од Лазаров, кој дури и се обиде да биде „уметник со елекричниот брич“!

До душа, не знаеме што сакаше да искреира, каква „уметничка слика“ на тилот на својот прв муштерија, во случајов неговото другарче, ама она што се гледа ни личи наааа… Знаете веќе што?! Барем нам!

А, веројатно и вам?!

Епа, наздравје шишање мајсторе!

А бога ми и она што потоа следувало, кога муштеријата „си го видел тилот“  во огледало!

Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv

 

Останати вести од Радио Милева