Уште кога се појавија на ТВ екраните за време на најпопуларното музичко натпреварување на овие простори „Ѕвездите на Гранд“, се истакнаа пред се по својот музички талент, а покрај тоа, благодарение на атрактивниот физички изглед, успеаја да ги освојат срцата на нацијата, особено на понежниот пол.
Со оглед на тоа дека еден од најважните критериуми за жените при изборот на маж е висината на посилниот пол и како тоа влијае на привлечноста, решивме да провериме колку навистина се високи момчињата кои успеале да привлечат внимание, а мораме да признаеме дека еден од нив особено изненади.
Еден од највисоките натпреварувачи што помина низ „Ѕвездите на Гранд“ може да се пофали со висина од речиси два метри. Во прашање е победникот од првата сезона – Бане Мојиќевиќ, кој е висок еден метар и деведесет и два сантиметри.
Уште еден победник кој е понизок од Бане за само еден сантиметар е Махир Мулалиќ, еден од омилените пејачи од Босна, а неговата висина е 191 цм.
Саша Капор е висок 190 сантиметри, а иако извесен период имаше вишок килограми, неодамна ја доведе својата фигура до совршенство.
„Можеби камерата не ме сака толку многу, но се сеќавам порано дека луѓето некако имаа впечаток дека сум понизок. За Топалко мислеа дека е висок најмалку два метра, а за мене мало момче, малку дебело со кратки нозе, а сум висок 190 см. Кога ќе не видат во живо и ќе видат дека сум за глава повисок од него, се шокираат, па не е се’ како што изгледа“ – се пошегува пејачот, кој на почетокот на кариерата го споредуваа со покојната македонска ѕвезда Тоше Проески.
Меѓу повисоките е и Жарко Маџиќ со своите 187 сантиметри, кој ако го следевте ова музичко натпреварување, добро знаете дека често го истакнува своето изделкано тело и заводливиот лик, а речиси никогаш не излегува од теретана.
Кога се појави на големата сцена на Гранд, девојките лудуваа и по Љуба Перуќица, а тој е висок 188 см.
Минатогодишниот победник Нермин Ханџиќ, кој едноставно го обожава помладата публика, е висок 187 сантиметри, додека еден од милениците на „Ѕвездите на Гранд“ е Исак Шабановиќ, кој речиси преку ноќ го освои целиот Балкан со висина од 185 сантиметри.
Уште еден победник Мирза Селимовиќ е висок 182 см, а со иста висина Немања Стевановиќ, кој за време на натпреварот беше поддржан, најмногу од понежниот пол.
Кога се нашите претставници од Македонија во прашање и ние имаме свои фаворити иако можеби нашите пејачи баш и не се двометраши.
Филип Пецовски, шармантниот Македонец кој во „Ѕвездите на Гранд“ го паметат по добро осмислените изведби и сценските движења, е висок 180 см.
Иста висина има и харизматичниот Александар Јосифовски, кому за влакно му избега победата на натпреварот.
Милан Митровиќ, пејачот кој се испроба и како водител, е висок 177 сантиметри и им припаѓа на пониските мажи, барем кога се „Ѕвездите на Гранд“ во прашање.
Петар Митиќ може да се пофали со висина од 180 сантиметри, додека меѓу пониските се Немања Ѓурѓевиќ, Милан Станковиќ и Топалко високи само 175 сантиметри.
Фото: Гранд принтскрин