Легендарниот пејач Шабан Шаулиќ почина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Имено, пејачот бил на настап, а кога тргнал на аеродром за да се врати во Белград, 34 годишен пијан Германец удрил во автомобилот во кој бил пејачот заедно со кумот и возачот.
Шабан важеше за еден од најдобрите вокали во регионот и имаше кариера која траше повеќе од 50 години.
Во Македонија има одрежно голем број на концерти и настапи.
Меѓутоа Шаулиќ исто така служел и војска во Битола.
„По тие два месеци кога се вратев од војска, по некое време сакав веднаш се вратам во Македонија“ изјави Шаулиќ во интервју во 2015 година.
Тој истакна дека освен војската за Македонија го врзува и македонските песни.
„Кога бев во Битола сите зборови ги знаев. Тогаш зборував само на македонски. Кога имав можеби 8,9 години, кога прв пат ја слушнав песната „Сестра брата кани на вечера“, солзите сами ми текоа како да сум вистински Македонец. Многу ја засакав таа песна и ја снимив во текот на кариерата“ вели Шаулиќ во интервјуто пред 4 години.
Тој истакна дека исто така дека за Македонија го врзуваат и луѓето кои ги запознал, пријателите и пријателките.
„Јас ги сакам Македониците и Македонија. На неа гледам со срце, душа со почитување, на таа една преубава земја. Секогаш ја сакав Македонија и ми беше желба тука да служам војска.Јас за првиот месец научив на македонски“, вели Шаулиќ.
Во едно свое интервју тој истакна дека ја сака државата која на своето знаме има сонце.
Тој истакна дека негова омилена македонска песна му е „Зајди зајди“, а дека најдобро изведба на песната ја направил Тоше Проески чија интерпретација звучела рајски.